11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Американски функционер: Кина се срами од руските неуспеси во Украина, тие се изненадени

Неодамнешните коментари на кинескиот премиер сугерираат дека Пекинг не се чувствува удобно со неодамнешната руска нуклеарна реторика. Според висок американски функционер, Ли Кечијанг нагласил дека нуклеарните закани се „неодговорни“ и „прилично опширно зборувал за политиката на Кина кон Украина“.

Ли „јасен акцент на суверенитетот, на неодговорноста од нуклеарните закани, потребата да се осигура дека нуклеарното оружје не се користи на начин на кој некои сугерираат“, рече функционерот откако кинескиот премиер присуствуваше на самитот на Г20 во Камбоџа.

Кина беше стратешки партнер на Русија, но се огради од некои реторики на Москва. По илегалната анексија на четири региони на Украина, рускиот претседател Владимир Путин рече дека е подготвен да ги искористи сите неопходни средства – вклучително и нуклеарно оружје – за да ја заштити територијата на Москва.

Коментарите беа осудени од Западот.

Американски функционер, кој сакаше да остане анонимен, рече дека „несомнено постои одредена нелагодност во Пекинг за она што го видовме во однос на непромислената реторика и активностите на Русија“. „Мислам дека е исто така непобитно дека Кина е веројатно изненадена, па дури и донекаде засрамена од спроведувањето на руските воени операции“, рече претставникот.

Спонзорирано: