7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Ердоган имаше вонредно обраќање: „Извршен терористички напад“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека експлозијата во прометната пешачка улица Истиклал во Истанбул била „бомбашки напад“.

Тој изјави дека во експлозијата загинале шест лица, а повредени се 53 лица.

Ердоган рече дека експлозијата е „предавнички напад“ и дека сторителите ќе бидат казнети.

На местото на несреќата се испратени бројни противпожарни, полициски и медицински екипи.

Полицијата забранила пристап до местото на несреќата.

Во моментот на експлозијата, во квартот Бејоглу имало голем број луѓе, јавуваат медиумите.

Гувернерот на Истанбул претходно на Твитер изјави дека експлозијата се случила околу 16:20 часот по локално време.

Причината за експлозијата се уште не е позната.

Спонзорирано: