Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

Бајден: САД ќе се натпреваруваат со Кина

Американскиот претседател Џо Бајден им порача денеска на азиските лидери дека американските комуникациски линии со Кина ќе останат отворени за да се спречи конфликт.

За време на своето обраќање на источноазискиот самит во Камбоџа, Бајден рече дека САД енергично ќе се натпреваруваат со Пекинг, истовремено обезбедувајќи конкуренцијата да не се претвори во конфликт и ја нагласи важноста на мирот во Тајванскиот теснец, пренесоа медиумите.

Бајден, исто така, ги повика воените владетели на Мјанмар да го следат мировниот план што го договорија со Асоцијацијата на нации од Југоисточна Азија (АСЕАН), истовремено осудувајќи ги лансирањето на проектили од Северна Кореја и рускиот „брутален и неправеден“ напад врз Украина.

Регионот на Југоисточна Азија, исто така, е домаќин на самитот на Групата 20 (Г20) на индонезискиот остров Бали оваа недела, пред кој Бајден ќе се сретне со својот кинески колега Си Џинпинг за прв пат по преземањето на функцијата, додека односите меѓу двете суперсили никогаш не биле на полошо ниво.