10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Вучиќ по апсењето на криминалната група: Знам дека некои од нив се убијци кои ја сакаа мојата смрт

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, зборуваше за наводите дека по апсењето на таа криминална група бил планиран атентат врз него.

– Не ги знам сите детали, но знам дека имаат не само преку исказот на еден од заштитените сведоци, туку мислам дека е комбинирано со она што е прибавено преку апликацијата Скај како јасен доказ. Некои од овие луѓе главно се поврзани со подготовки, обиди за убиства и најлоши зделки со наркотици – рече Вучиќ.

Значи зборуваме за убијци кои сладострасно ја посакуваа мојата смрт, а некои сакаа смрт на моите деца, а некои други луѓе беа ставени на списокот, сега имаме докази за тоа.

Тој додаде дека не е загрозена неговата безбедност, туку безбедноста на Србите на Косово.

– Мојата безбедност е помалку важна, тоа е мала работа – рече тој.

Спонзорирано: