5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+АНАЛИЗА

Уценува ли Мицковски со избори, во време кога Северна Македонија започнува скрининг за ЕУ?

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија, Бојан Маричиќ денеска го предводи македонскиот преговарачки тим во Брисел на првиот состанок за билатералниот скрининг кој започнува со Поглавјето 5, „Јавни набавки“.

Овој скрининг заедно со објаснувачкиот, што официјално почна на 15-ти септември, ќе трае паралелно и се очекува да заврши во ноември 2023 година.

Надлежна институција за ова поглавје е Министерството за финансии, односно Бирото за јавни набавки, а работната група е предводена од државниот советник во Бирото за јавни набавки, Александар Аргировски.

Чекорот по билатералниот скрининг за нас е многу важен и круцијален, а тоа се скрининг извештаите што ги подготвува ЕК, тоа се професионални, обемни и детални извештаи, за тоа не како ние се гледаме себеси, туку како тие не гледаат нас, како тие проценуваат дека ние го имплементираме европското законодавство.

Тие извештаи се во четири дела – пресек на европското законодавство, пресек на нашето законодавство, потоа се наоди и сугестии што треба да се направи и последниот дел е она што честопати во јавноста се говори – одредниците.

Дали е спремна државата веднаш да го отвори кластерот? Според новата методологија се отвора во целина, колку и да има внатре поглавја и дали треба да се исполнат некои одредници за отворање на кластерот, со други зборови кои се условите за да се отвори соодветниот кластер.

Сепак за да се продолжи патот до европските интеграции потребно е и Собранието но и пратениците на опозицијата да се вклучат во дебатата, кога е во прашање измената на Уставот, што е услов за да се одржи втората Меѓувладина конференција. Собранието е место каде ќе треба да биде донесен и вториот, третиот, четвртиот чекор до финалното зачленување.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ се уште е со ист став дека нема да дозволи промена на Уставот и „целосна бугаризација на државата и според нив преговарачката рамка мора да се смени бидејќи како штовелат од Протоколот со Бугарија, обврзана е само Македонија. Нема реципроцитет, туку само права за Бугарија, а обврски за Македонија.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и во синоќешното интервју на Канал 5 повторно ја повика власта доколку сака уставни измени тогаш да се охрабри и да излезе на предвремени парламентарни избори за граѓаните да можат да одлучат. а спореднего ниту тој, ниту опозицијата не е виновна што владата на СДСМ не размислила кога носела политички одлуки без претходно да обезбеди општествен консензус.

Што им порача Вархеји на ВМРО-ДПМНЕ?

-Уставните измени мора да се случат, рече Оливер Вархеји еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на прес-конференција во јули по првата Меѓувладина седница на Северна Македонија и ЕУ кога испрати поракадо македонската опозиција да работи за иднината на земјата и да покаже дека е посветена на што поскоро зачленување на земјата во ЕУ.

Тој потенцираше дека промената на Уставот е вториот важен чекор кој претстои како предизвик пред македонското Собрание. За овие измени е потребно двотретинско мнозинство во парламентот.

Тој изрази надеж дека и опозициските партии ќе дадат поддршка за европска иднина на земјата.

-Искрено се надевам дека сите партии, вклучително и опозицијата ќе работат за европската иднина, дека нема да започнат со контроверзии и предизвикување емоции кои нема да ја однесат земјата напред. Ги читав изјавите на опозицијата, тие секогаш тврдат дека се посветени да се случи ова членство на земјата во ЕУ. Ајде да го докажеме тоа, рече Вархеји.

Кои се темите за овој билатерален скрининг

Како што соопшти СЕП, членовите на Работната група за Поглавје 5, на билатералниот скрининг состанок, ќе им ја претстават на експертите од Европската комисија македонската законодавна рамка и нивото на усогласеност со правото на ЕУ во ова поглавје од преговарачкиот процес.

Темите и областите опфатени во ова поглавје се однесуваат на општите принципи на јавните набавки, регулирањето на јавните набавки во општиот сектор, во областите на социјалната политика, животната средина, малите и средни претпријатија, иновациите, одбраната, концесиите, набавката на лекови, електронските јавни набавки, како и на меѓународните аспекти во оваа област.

Според досегашните информации со Спогодбата за стабилизација и асоцијација, поточно нејзиното потпишување и стапување во сила, веќе го транспонираме европското закнодавство и оти околу 45 отсто оддосегашните проценки од тоа европско законодавство е веќе транспонирано во нашиот правен систем и веќе се имплементираме, но останува да имплементираме уште 55 отсто, што е огромна работа и да докажеме дека европското законодавство го применуваме и во пракса.

Не само усогласување туку и примена

Скринингот е статистичка евиденција на ЕУ која анализира пет години наназад за тоа како функционира судскиот систем, како функционира системот за контрола, финансиска контрола, како функционира Управата за јавни приходи, како функционираат сите други институции, што се занимаваат и со доделување одредени услуги на граѓаните, или пак судскиот систем и Јавното обвинителство во процесуирањето на оние случаи што се покренати или придвижени во судскиот систем.

-Со објаснувачкиот скрининг Европската комисија ни објаснуваше што значи европското право, односно кои делови од европското право ќе треба да се транспонираат, односно целосно да се имплементираат во текот на пристапните преговори, до нашето членство во ЕУ. Билатералниот скрининг е вториот дел, односно билатерално се презентираат нашите наоди, односно тоа каде сме ние во транспозицијата, во пренесувањето на европското право во нашиот национален систем и како тоа го имплементираме, со посебен осврт на ова второво, вели Државниот советник во Секретаријатот за европски прашања Драган Тилев за МИА.

Како влијаат уставните измени

Доколку се се одвива се според предвидената динамика, односно ако до крајот на 2023 се донесат уставни измени со цел отворање на првиот кластер, поточно доколку се обезбеди двотретинско мнозинство и се изгласаат уставните измени, тогаш веднаш го заокружуваме оној дел од меѓувладината конференција и продолжуваме според ритамот на преговорите, така како што важи и за другите земји, во случајов и за Албанија.

-Но јас би ги издвоил тие два момента на билатералниот скрининг, односно заокружувањето на целиот процес на скрининг, од овој политички момент што е обезбедување на двотретинско мнозинство што е исклучително осетлив, јас и претходно сум сугерирал дека не е добро предолго да стои отворен. Но, тоа е сепак на политичките партии, на политичарите, на Собранието да ја донесе таа одлука, се надевам во позитивна насока, вели Тилев.

Според него кластерот Фундаменти, што е најобемниот, политички најосетливиот заради тоа што тој е клучниот кластер, се отвора прв, се затвора последен откако ќе се затворат сите други поглавја, што значи дека тој ќе стои најдолго отворен и е најкомплексен по својата содржина.

Тоа е така, појаснува Тилев, бидејќи тој вклучува политички, економски, институционални елементи или таму е поглавјето 23 и 24, тоа е владеење на правото, функционалност на демократските институции, економски критериуми, статистика, јавни набавки и финансиска контрола и реформа на јавна администрација.

Тој вели дека тоа би бил епилогот евентуално до крајот на следната година, доколку се обезбеди двотретинско мнозинство, доколку Извештајот на ЕК биде навреме подготвен, да бидеме подготвени за патоказите, што треба да ги усвои и Советот на ЕУ,а до крајот на следната година во некое оптимално сценарио би се отворил кластерот Фундаменти, со што земјава ќе почне да преговара, потоа и за другите кластери.

Во некои области државава има напредок, во други ќе требаат дополнителни напори

Во однос на тоа во кои области имаме слабости, имајќи го предвид Извештајот на ЕК во којшто се посочува дека се потребни поголеми напори во борбата против организираниот криминал и корупцијата, но во секој од кластерите и поглавјата има и напредок, а тешки елементи ќе има во секое од поглавјата што ќе се преговараат.

Северна Македонија има веќе постигнато одредено ниво на усогласеност, што исто така е констатирано од ЕК. Во јавноста веќе е познато, дека иако ние не преговараме, веќе сме на истото ниво со Србија и со Црна Гора, меѓутоа, мораме да продолжиме понатаму со реформите за да можеме тоа темпо или тоа ниво да го одржиме, па ако комплетно се заокружи целиот процес на меѓувладината конференција и продолжиме понатаму со преговорите и со другите кластери, тогаш можеби, некои во ЕК велат, можеме да станеме да го забрзаме целиот процес во пристапните преговори,а се очекува до 2030 година веќе да бидеме дел од ЕУ.

С. Танеска

извор Civilmedia.mk

Спонзорирано: