5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСSHOWBIZ

Спилберг: Пандемијата ги фрли филмаџиите под автобус

Стивен Спилберг смета дека филмаџиите биле фрлени под автобус од пандемијата.

Добивај вести на вибер
Легендарниот режисер (75) објасни дека додека кризата со Ковид-19 им овозможи на стриминг-платформите да напредуваат кога киносалите биле затворени во текот на повеќекратен карантин, филмските креатори мораа дел од својата работа да ја префрлат на услуги како што е „Ејч-би-о макс“.

„Пандемијата создаде можност за стриминг-платформите да ги подигнат своите претплати на рекордно ниво, а во исто време, да ги фрлат некои од моите најдобри пријатели режисери под автобус бидејќи нивните филмови не добиваа кино-изданија,“ рече тој во интервју за „Њујорк тајмс“.

„Тие беа исплатени и филмовите одеднаш беа префрлени на, во овој случај, на ХБО макс. Случајот за кој зборувам.“

„Мислам дека на постарата публика им олесна што не мораше да гази на лепливи пуканки. Но, јас навистина верувам дека истата таа постара публика, откако ќе влезе во киносала, ја чувствува магијата на големото филмско платно опкружени со куп непознати.“

Спонзорирано: