10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Повлекувањето од Херсон завршено; Кремљ: регионот останува дел од Русија

Руското Министерство за одбрана објави дека го завршило повлекувањето на своите војници од западниот брег на реката Днепар во јужниот дел на украинската област Херсон.

Министерството соопшти дека повлекувањето е завршено утринава во 5 часот и оти армијата не оставила зад себе никаква опрема.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Москва продолжува да го гледа регионот на Херсон како дел од Русија.

Непосредно пред руското соопштение, кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски ја опиша ситуацијата во регионот Херсон како „тешка“. Во извештајот се вели дека Русија гранатирала некои села и градови кои ги вратија украинските сили во последните недели за време на нејзината контраофанзива во регионот.

Во своето синоќешно редовно обраќање, Зеленски рече дека украинските сили повторно зазеле повеќе од 40 области околу градот Херсон, предупредувајќи дека руските сили оставиле зад себе „илјадници неексплодирани бомби и муниција“.

Околу 170.000 квадратни километри земја е покриена со мини, рече тој.

Спонзорирано: