20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Кремљ: Путин одлучи да не ја напушта Русија

Одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да не учествува на самитот на Г-20 е условена од неговиот распоред и потребата да биде во Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Претседателот на државата донесе таква одлука, која е поврзана со неговиот распоред и неопходноста да биде во Русија“, одговори Песков на новинарското прашање зошто рускиот претседател одлучил да не учествува на самитот на Г20.

Претходно, Министерството за надворешни работи на Русија за Спутник потврди дека руската делегација на самитот во Индонезија ќе ја претставува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

Самитот на Г-20 ќе се одржи на индонезискиот остров Бали од 15 до 16 ноември.

Спонзорирано: