9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУС+СВЕТИЗБОР

ЕМА ја одобрува вакцината Pfizer против сојот омикрон за деца над пет години

Европската агенција за лекови (ЕМА) ја одобри вакцината Pfizer/BioNTech прилагодена на омикронската варијанта на коронавирусот за деца на возраст од пет и повеќе години, беше објавено денеска.

Вакцината прилагодена на подваријантите BA.4 и BA.5 веќе е одобрена како бустер доза за лица постари од 12 години, пишува Хина.

Европската комисија допрва треба да ја одобри препораката, но тоа се смета за формалност. Експертите рекоа дека очекуваат поширока заштита од различни варијанти на коронавирусот.

Производителите укажаа на студии кои покажуваат силни имунолошки реакции против подваријантите BA.4 и BA.5 кај индивидуи над 18 години 30 дена по вакцинацијата. Pfizer тврди дека адаптираната вакцина е безбедна како и оригиналната.