10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Мртов во возот бил со денови: Никој ништо не забележал за време на возењето

Телото на човекот со денови било во возот, а никој не забележал дека тој всушност е мртов.

Полицајците сакале да разговараат со него, а кога му пришле имале што да видат – бил мртов.

– Мртвото лице во неделата отпатувало од Амстердам во германската покраина Долна Саксонија. На железничката станица Бад Бентајм (Бентајм) било забележано дека во возот има леш. 52-годишникот најверојатно починал од природна смрт – изјавила полицијата за германските медиуми.

Германските полицајци во неделата попладне го провериле возот IC147 Амстердам-Берлин на станицата Бад Бентајм, која е прва станица по преминувањето на границата од Холандија кон Германија, поради што полицијата таму редовно ги проверува документите, пишува Focus.de.

Полицајците се обиделе да разговараат со 52-годишниот маж, а откако тој не реагирал, повикале итна медицинска помош, кој само успеал да ја констатира смртта на 52-годишниот сопатник и констатирал дека мажот најверојатно починал од природни причини.

Патниците мораа да чекаат пет часа пред да го продолжат своето патување до Берлин.

Спонзорирано: