20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНА+ТЕМАСВЕТИЗБОР

Зеленски: Околу 4,5 милиони домаќинства се без струја, вака Русите се обидуваат да ја скршат нашата нација

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски (Зеленски) информираше дека синоќа околу 4,5 милиони украински домаќинства останале без струја.

Домаќинствата низ државата се привремено исклучени од снабдувањето со енергија според вонредниот распоред за стабилизирање на националното снабдување со електрична енергија. Да потсетиме дека проблемот настана како резултат на руските напади врз критичната енергетска инфраструктура на Украина.

Најголеми проблеми со прекини на електрична енергија се забележани во Киев, Запорожје, Харков, Сума, Житомир, Дњепропетровск, Кировоград, Чернихив, Хмелницки и Черкаси.

– Фактот што Русија прибегна кон терор против енергетскиот сектор укажува на слабоста на непријателот. Тие не можат да ја победат Украина на бојното поле и затоа се обидуваат на овој начин да го скршат нашиот народ – рече Зеленски.

Тој реагираше и на руските тврдења дека Русија работи на изработка на валкана бомба, наведувајќи дека по инспекцијата на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) не се пронајдени индиции за непријавени нуклеарни активности и материјали.

Спонзорирано: