7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Pixabay
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Руски професор: Повеќето мои колеги избегаа, студенти предаваат на универзитетите

Професорот, кој неодамна беше отпуштен од Универзитетот во Санкт Петербург поради присуство на антивоен протест, Денис Скопин, рече дека во моментот има масовен одлив на мозоци во Русија, што остави многу универзитетски позиции празни во целата земја.

Во интервју за Би-би-си, Скопин објасни дека бил отпуштен поради „неморално однесување“ откако поминал десет дена во притвор.

„Луѓето што беа до мене во притвор беа ИТ-специјалисти, научници, лекари, наставници, студенти. Моите студенти многу добро разбираат што се случува во Русија во моментот. Тие не го одобруваат тоа. Околу 25 отсто од моите колеги веќе ја напушти Русија“, рече тој.

„Почнаа да заминуваат по 24 февруари. Некои заминаа веднаш по почетокот на конфликтот, други кога беше прогласена мобилизацијата. Мислам дека тоа е катастрофа за руската наука, но некои земји може да имаат корист од тоа. Особено некои соседни земји како Казахстан“, рече Скопин и додаде дека поради тоа рускиот научен и образовен систем се распаѓа.

„Колку што знам, на добрите универзитети во Санкт Петербург и Москва во моментот има слободни добри позиции бидејќи луѓето си заминаа. Ова е невообичаено и без преседан, претходно беше многу тешко да се добие професорска позиција. На некои универзитети бараат од дипломирани студенти да предаваат наместо професори. Не можете да замислите каков ефект ќе има ова врз рускиот образовен систем. Тоа е катастрофа“, вели тој.

На прашањето дали земја без познати научници има иднина, Скопин одговара: „Не. Руската наука е мртва по 24 февруари. Земја без наука нема иднина. Не е тешко да се разберат какви последици ќе има тоа врз руската економија образование и култура“.

Спонзорирано: