9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Британецот што имаше корона 411 дена, конечно, оздрави

Оздрави 59-годишен пациент што заболел од раната верзија на Ковид-19 и не можел да се ослободи од инфекцијата поради слаб имунолошки систем по трансплантацијата на бубрег.

Британецот што имаше Ковид-19 цели 411 дена се смета за личност што најдолго во светот била заразена со вирусот и преживеала, пишува словенечкиот портал 24ur.

Пациентот, кој имаше ослабен имунолошки систем по трансплантација на бубрег, беше позитивен на коронавирусот првпат во декември 2020 година. И покрај тоа што ги изгуби симптомите на инфекција, тој беше позитивен до јануари оваа година.

Вработените во лондонската болница велат дека не знаат за друг регистриран случај на лице што закрепнува од толку долга инфекција. Преку генетска анализа тие утврдиле дека 59-годишникот бил заразен со рана верзија на оригиналниот вухански вид, кој подоцна бил заменет со алфа, делта и омикрон-верзии.

Само кога ќе се идентификуваше варијантата, пациентот можеше да се лекува со „регенерон“, истата мешавина дадена на тогашниот американски претседател Доналд Трамп.

Истиот тим лекувал пациент што починал по 505 дена позитивни тестови.

Во двата случаја генетските тестови покажаа дека пациентот бил заразен само еднаш и не се заразил повторно.

Спонзорирано: