5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(ПОТРЕСНО ВИДЕО) Ќерката ја повлече својата мајка од домот: Старицата што ја малтретираа медицинските сестри сега е на безбедно

Жанета Нура, ќерка на старица која била физички и психички малтретирана од медицински сестри во домот за стари лица во Пеќ, за косовските медиуми изјавила дека нејзината мајка е добро и дека ја извадила од домот.

Таа рече дека била шокирана од насилството што го доживеала нејзината мајка. Рекла дека еднаш до двапати неделно ја посетувала мајка си во домот за стари лица, а последен пат била пред четири дена. Потоа ги забележала трагите на насилство на лицето на мајка си, но не можела ни да претпостави дека доаѓаат од работниците од домот.- Автоматски ја извлеков мајка ми од таму и сега се надевам дека правдата ќе биде задоволена и случајот ќе биде решен. На мајка ми и се случи, но да не им се случи на другите. Да се ​​примени насилство врз седумдесет годишна жена… Три сестри, едната ја држеа за раце, додека другите и се смееја, тоа е крај на светот. Многу сум потресена – изјавила Нура.

@pinkv0dka_3

♬ Nena ime – Liori

Спонзорирано: