13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Британец преживеал на фронтот – гранати му ги пробиле белите дробови

Шареф Амин (40), кој служел девет години во британскиот прв баталјон и служел две тури во Авганистан, закрепнал од тешката рана во Украина.

Амин, кого неговите соборци го нарекуваа Рамбо, бил ранет пред две недели во Украина додека бил на извидничка мисија длабоко зад непријателските линии. Рамбо и неговата единица биле забележани од Русите, било пукано во нив, а потоа гранатирано. Амин заврши со повеќекратни рани од куршуми по целото тело, како и шрапнели во белите дробови и во четирите екстремитети.

И покрај ужасните повреди, Амин бил спасен од другарите и иако прогнозата на лекарот била лоша, тој повторно почнал да оди иако најмногу го изгубил чувството во десната рака и на стапалото.

Пријателите сега собираат средства за да го вратат Амин – по потекло од Бристол – кај неговата украинска свршеница Хелена Витвицкаја (33) и нивниот 10-годишен син Платон.

Зборувајќи од болничкиот кревет, Амин за „Дејли мејл“ изјави дека отишол во Украина веднаш штом избувнала војната во февруари. Најпрвин заминал како хуманитарец, но како што борбите се вжештиле, тој почнал да ги користи вештините што ги научил во британската армија. Првин на обука на Украинците, а потоа самиот се упатил на бојното поле.

Спонзорирано: