12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТНАУКАТОП ВЕСТИ

Многу топло време: Нешто необично се случува во Европа, ова е знак дека се забрзува

Утринските температури до 30 степени во Шпанија во текот на октомври можеби ги воодушевија туристите, но предизвикуваат загриженост кај научниците.

„Можеме со сигурност да кажеме дека тоа ќе биде најтоплиот месец во Шпанија од 1961 година“, изјави Рубен дел Кампо од шпанската метеоролошка служба Аемет, кога почнаа да се собираат податоците. Според историските податоци, овој октомври во Шпанија е најтопол во изминатите сто години.

Живата се искачи над нормалата низ Европа, од Шпанија до Шведска. Во Европа и на почетокот на есента преовладуваат екстремни температури, што е знак дека климатските промени се забрзуваат.

„Еден до два дена температура над 30 степени е нормална за Шпанија, но толку денови, не. Ова се летни температури, а ние веќе влеговме во есен“, рече тој.

Од Шпанија до Шведска
Франција, како и Шпанија, забележа потопол октомври од просекот.

Топло е и на северот на Шведска, каде во петокот беа измерени рекордни 19,5 степени во јужниот град Кристијанштад.

„Тоа е највисоката температура досега забележана во Шведска во овој период“, рече Ерик Хојгард-Олсен, метеоролог од Шведскиот метеоролошки и хидролошки институт.

Тешко е да се поверува дека е крај на октомври
Британскиот „Мет офис“ објави дека во Лондон биле 20,5 степени, што е слично на температурите кои се карактеристични за крајот на август, а не за октомври. Топлотниот бран ја зафати и Германија, каде граѓаните уживаат во температурите кои се попогодни за лето отколку за почетокот на ноември.

„Тешко е да се поверува дека е крај на октомври бидејќи големи делови од Европа и Северна Африка се невообичаено топли“, објави Светската метеоролошка организација во петокот на Твитер.

Спонзорирано: