12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Истече рокот за седум милиони вакцини против коронавирусот во Австрија

Во Австрија, поради големиот број граѓани кои се против вакцинацијата, истече рокот на траење на седум милиони дози вакцини против коронавирусот.

Државата инвестираше повеќе од 750 милиони евра во набавка на вакцини против коронавирусот. Магацините се полни и моментално содржат околу 22,7 милиони дози, но седум милиони дози се истечени.

Станува збор за „стари“ вакцини, односно за оние кои не се прилагодени на новиот омикрон сој BA4 и BA5.

Австриското Министерство за здравство сега се надева дека ќе спаси дел од вакцините со продолжување на рокот за администрација.

Спонзорирано: