12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Тројца починати, двоцифрен број на новозаразени – Дневна корона статистика

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа:

Направени се 659 тестови, а регистрирани се 68 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 50, Прилеп – 5, Кавадарци и Штип – по 3, Куманово, Битола и Велес – по 2, Кичево- 1.

Од вкупниот број на позитивни (68), регистрирани се 20 реинфекции.

Регистрирани сe 40 оздравени пациенти од: Скопје – 32, Битола – 3, Гостивар и Неготино – по 2, Штип – 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирано е едно починато лице од Скопје (83г), починато во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, се регистрирани две починати лица од Битола (81г) и Прилеп (71г), починати во болнички услови. Починатите се пријавени во период од 18 – 28.09.2022 година.

Спонзорирано: