9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ердоган: Терористите да не ја блокираат кандидатурата на Шведска во НАТО

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска телефонски разговараше со шведскиот премиер Улф Кристерсон кому му пренел дека во заеднички интерес на двете земји е да се спречат терористичките организации да застанат на патот на нивните билатерални односи и кандидатурата на Шведска за членство во НАТО.

Шведска и Финска поднесоа барање за членство во НАТО во мај оваа година по рускиот напад врз Украина, но Турција се спротивстави.

Анкара ги обвинува Шведска и Финска дека обезбедуваат засолниште за луѓето што Турција ги смета за терористи, особено курдските милитанти обвинети за учество во обидот за пуч во 2016 година.