13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТСПОРТ

Британски фудбалски судија почина кога беше погоден со топка за време на натпревар

Фудбалскиот судија Мајкл Грант почина по удар од топка за време на натпревар, јавува Би-би-си.

На 19 октомври Грант судеше на натпревар во средното училиште „Слифорд“ кога беше погоден од топка во глава.

Доживеал крвавење на мозокот и починал завчера во болница. „Целото фудбалско семејство изразува искрено сочувство до неговата сопруга, ќерката, внукот и до неговите многубројни пријатели“, соопшти Фудбалската асоцијација на Линколншир.

„Изгубивме многу почитуван судија, кој го работеше она што навистина го сакаше“, велат тие.

Спонзорирано: