17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Украинка сведочи по заробеништво: Не третираа како животни

Украинка која се врати дома минатата недела по големата размена на затвореници, во изјава за украински медиуми ја опишува тортурата што таа и другите жени ја претрпеле во текот на шест месеци во руско заробеништво.

Идентификувана само како Хана О. за да го заштити своето семејство таа низ солзи раскажува за своите искуства за украинската државна новинска агенција „Укринформ“.

„Не третираа како животни… Дури и животните не се однесуваат така“, вели 26-годишната девојка, пишува „Business Insider“.

Хана (26) беше една од 108-те жени, вклучувајќи 12 цивили, ослободени од руско заробеништво во понеделникот во една од најголемите размени во војната.

Андриј Јермак, шеф на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, вели дека тоа е прва размена на заробени жени од почетокот на војната во февруари.

Хана била заробена додека служела во Мариупол како дел од украинската 36-та поморска бригада, објави „Укринформ“. Таа беше меѓу украинските војници кои се предадоа во мај, откако со недели беа заробени во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол. Следните шест месеци ги поминала во заробеништво.

„Ги тепаа девојките, не мачеа со струја. Тоа е најлесно… Некои девојки беа обесени. Не сакам ни да зборувам за храната бидејќи беше кисело, дури ни на кучињата не им даваат таква храна. Сакаа да им ги отсечат рацете и тетоважите на жените кои имаа тетоважи, да ги попарат со врела вода… Ме мачеа затоа што сум војник, затоа што постојам и зборувам украински. Сонот да се вратам дома е единственото нешто што ме одржа во живот“, изјави 26-годишната девојка за „Укринформ“.

Истражителите на Обединетите нации во септември заклучија дека руските сили извршиле серија воени злосторства, вклучително и тортура и силување, врз војници, цивили, па дури и деца.

Спонзорирано: