9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Авионот на германски милијардер падна во Карипско Море, пронајдени се две тела

Германскиот претприемач и милионер Рајнер Шалер и неговото семејство биле во авионот што се урна во Карипското Море во близина на Костарика, соопштено е за медиумите.

Рајнер Шалер е основач и претседател на германската компанија RSG-Group, која управува со теретаните McFit.

Германскиот весник „Билд“ пишува дека тој патувал со својата партнерка, нивните две деца и уште еден маж.

Меѓу патниците на авионот се „Шикорски, 44-годишна жена, Курек, 40-годишен маж и двајца малолетни“ германски државјани и 66-годишниот пилот, Швајцарец, според официјалниот извештај.

Во саботата во морето се пронајдени тела на возрасен и малолетник, кои се уште не се идентификувани. Пронајдени се и некои предмети, меѓу кои патни торби и дел од трупот.

Тие биле пренесени во Лимон, во истоимената провинција. Од тоа пристаниште во неделата наутро испловиле два брода на крајбрежната стража за да ја продолжат потрагата.

Авионот, на приватен лет, полетал од Мексико и изгубил контакт со контролната кула во Костарика околу 18 часот во петокот во близина на Лимон, каде што требало да слета.