9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Помош доаѓа од Франција за Украина

Франција ќе обучи околу 2.000 украински војници на нејзина територија, изјави денеска францускиот министер за одбрана Себастиен Лекорни за францускиот весник „Паризиен“.

„Тие војници ќе бидат распоредени во нашите единици во текот на неколку недели“, рече Лекорни, додавајќи дека обуката ќе биде во три фази – општа борбена обука, специфична логистичка обука што ја бара Украина и обука на добиената воена опрема.

Лекур рече дека Франција постапува во согласност со законот, бидејќи земјата не е во војна.

„Помагаме на земја која е во војна“ по почетокот на руската инвазија, рече францускиот министер, додавајќи дека во Украина ќе бидат испорачани и системи за воздушна одбрана „Кротал“, што неодамна го најави францускиот претседател Емануел Макрон.

Спонзорирано: