4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАУКАИЗБОР

Вселенското летало на НАСА успешно исфрли астероид од орбитата

Леталото ДАРТ, кое американската вселенска агенција (НАСА) намерно го урна во астероид минатиот месец, успеа да го исфрли астероидот од својата природна орбита, објави денеска шефот на агенцијата, поранешниот американски астронаут Бил Нелсон.

Наодите од телескопските набљудувања презентирани на прес-конференцијата, организирана од НАСА, покажаа дека мисијата на судирот на леталото со астероидот на 26 септември ја постигнала својата примарна цел – да го промени правецот на движење на астероидот.

НАСА ја изврши оваа мисија како дел од тестот за излетување на астероид од шините и е прв обид од ваков вид да ја спаси Земјата од можно уништување при судир со други небесно тела,пренесе Танјуг.