15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Финска ги повика младите да купуваат јод во случај на нуклеарна закана, аптеките останаа без апчиња за неколку часа

Финското Министерство за здравство и социјална заштита ги повика граѓаните помлади од 40 години да купуваат таблети со јод како превентивна мерка во случај на закана од нуклеарно зрачење, јавуваат финските медиуми.

Аптеките останаа без апчиња неколку часа по соопштението на министерството. Здружението на фински фармацевти преку соопштение потврди дека таблетите со калиум јод привремено се распродадени во сите аптеки во земјава и наскоро повторно ќе бидат достапни.

Од ова здружение потсетија дека и покрај барањето на надлежните, граѓаните треба да проверат дали имаат јод во домовите.

Финска, која дели 1.340 километри граница со Русија, со децении разви сеопфатен план за да го подготви своето население за можни војни, нуклеарни несреќи и природни катастрофи.

Финска има огромна мрежа на засолништа за цивилна заштита, големи стратешки залихи и протоколи за итни случаи.

Спонзорирано: