10.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поранешен полицаец го изврши масакрот во градинката на Тајланд, меѓу убиените се и неговата сопруга и децата

Тајландската полиција трага по напаѓачот, кој упадна во градинка, избоде и пука во деца и постари лица. Во нападот загинаа над 30 луѓе, меѓу кои и многу деца, а се стравува дека оваа бројка не е конечна.

На социјалните мрежи е објавена фотографија од бараниот напаѓач. Се работи за Пања Камраб, поранешен полицаец.

Камраб се самоуби по масакрот. Инаку, Камраб минатата година бил отпуштен од полицијата поради злоупотреба на дрога, изјави полицискиот командант Јакапата Виџитраитају.

Напаѓачот употребил и огнено и ладно оружје, а локалните медиуми јавуваат дека меѓу жртвите се и неговата сопруга и децата.

Спонзорирано: