20.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лавина затрупа 21 планинар на Хималаите

Група од 21 планинар се водат за исчезнати на индиските Хималаи, откако беа заробени од лавина во северна Индија, соопштија денеска официјални лица.

На планински врв лоциран во масивот Ганготри на Хималаите, група од 29 луѓе беше погодена од лавина.

Спасувачите од снегот извлекоа осум планинари, а потрагата по преостанатите 21 се уште трае, изјави началникот на полицијата во Утараханд, Ашок Кумар.

Највисокиот избран функционер на државата Утараханд, Пушкар Синг Дами, рече дека Националните сили за одговор при катастрофи и индиската армија распоредиле тимови за да помогнат во спасувачките напори.

Индиските воздухопловни сили распоредија два хеликоптери во потрага по исчезнатите.

Лавините се вообичаени во планинските области на Утараханд. Минатата година, пукна глечер што резултираше со поплава во која загинаа повеќе од 200 луѓе.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Лавината на границата меѓу Авганистан и Пакистан усмрти 19 лица

M T

Во Грција пронајдени телата на тројца планинари, загинале во лавина

M T