9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

(Видео) Кран падна врз автомобил во Њујорк, девојката од автомобилот е спасена

Девојка од Њујорк преживеа откога кран се урна врз нејзиниот автомобил и и го згмечи возилото додека чекаше на раскрсница, јавуваат американските медиуми.

Даниела Круз (22) претрпела само полесни повреди кога кран прикачен на камион удрил во нејзиниот автомобил во Бронкс.

Студентката од локален колеџ, која во тоа време возела, изјавила дека прво го видела кранот како го урива столбот за светло и очекувала дека ќе удри во нејзиното возило.

„Се случуваше бавно и брзо во исто време“, изјави Даниела за „ABC7 News“.

„Тоа нешто се урна врз мојот автомобил и се „втурна“ во шофершајбната, со целиот врв на мојот автомобил, а исто така ме удри во главата“, додава таа.

Даниела изјавила дека би била мртва ако го запрела својот автомобил само неколку сантиметри понапред.

Таа на почетокот била заробена во нејзиниот згмечен автомобил, но успеала да излезе благодарение на непознати лица кои притрчале да и помогнат.

Според извештаите, кранот се скршил додека кревал материјал на градилиште за 11-катна станбена зграда. Не е јасно што го предизвикало кранот да се скрши.

Локалната противпожарна служба евакуираше 29 градежни работници од локацијата, објави „Њујорк Дејли Њуз“.

Издадена е наредба за делумно запирање на работите на локацијата откако инспекцијата констатирала неколку безбедносни прекршувања, објави „ABC7 News“.

Спонзорирано: