15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Позната причината за несреќата кај Мостар – пијани возачи се тркале со БМВ и Мерцедес, настрада недолжно семејство

Тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа кај Мостар, во која четири лица го загубија животот, а уште четири се тешко повредени, била последица од прекумерна конзумација на алкохоли трка со автомобили, неофицијално дознава Klix.ba.

Во алкохолизирана состојба се тркале М.П. во БМВ Х5 и М.Д. во Мерцедес, на кој му биле измерени 2.5 промили на алкохол во крвта. Смртно настрадал бизнисменот од БиХ, Мате П. Кој управувал со БМВ-то, а кој притоа со пријалтел се враќал од крштевка.

Колку брзо возеле, најдобро прикажува глетката на автомобилите кои по несреќата се целосно уништени.

Тие се тркале во насока од Мостар кон Чапљина и во местото Буна-Затон во близина на Бунскиот канал усмртиле недолжно семејство кое патувале во Рено Сеник од обратен правец.

Во ставичниот судар, во реното смртно настрала брачната двојка Крстиќ од Мостар заедно со нивниот деветгодишен син, додека тригодишната ќерка се здобила со тешки повреди и моментно се бори за живот во мостарската болница. Со тешки телесни повреди се здобиле и други тројца патници што биле заедно со Мате П. во БМВ-то.

Припадниците на полициската управа во Мостар пет часа вршеле увид на местото на несреќата која ја зави БиХ во црно.

Спонзорирано: