5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Папата ги повика Италијанците да имаат повеќе деца

Папата Франциск денеска отпатува во јужна Италија за да го затвори конгресот на Италијанската црква што се совпадна со националните избори во земјата.

Ниту папата, ниту неговите домаќини не го спомнаа гласањето за време на мисата на отворено, иако на конференцијата на италијанските бискупи претходно ги повика Италијанците да гласаат на избори.

На крајот од мисата на отворено во Матера, папата Франциск ги замоли Италијанците да имаат повеќе деца и рече: „Повеќе раѓања, повеќе деца“.

Италија има една од најниските стапки на наталитет во светот, а папата често жали за „демографската суша“.

Папата Франциск се осврна на прашањето за миграцијата во Италија, потсетувајќи дека неделата се совпадна со Светскиот ден на мигрантите и бегалците на Католичката црква.

„Имигрантите треба да бидат добредојдени, следени, промовирани и интегрирани“ – додаде тој.

Спонзорирано: