15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Има рак на кожа, не гледа и не слуша добро, а го мобилизирале во руската војска

Виктор Дјачок – 59 годишен началник на хируршкото одделение на болницата во Азбест, град во руската област Свердловск во источното подножје на Урал, како што тврди неговата ќерка Полина, на 22 септември бил повикан од кадровското одделение на болница со повик за мобилизација.

Неговата ќерка вели дека има рак на кожата во првата фаза и бројни други здравствени проблеми, пренесува рускиот медиум „Новаја Газета“.

Дјачок е резервист и поранешен воен лекар и со тоа ги исполнува условите за граѓаните опфатени со делумна мобилизација, но според руските закони, оние со здравствени проблеми треба да бидат изземени. Воената канцеларија ги игнорираше болестите на Дјачок.

Покрај тоа што го има првиот стадиум на рак на кожата, тој има проблеми со камења во бубрезите, не гледа на едното око, а без очила не гледа на другото. Тој има и висок крвен притисок и проблеми со слухот, наведе неговата ќерка, додавајќи дека болницата не се противела на регрутирањето на нејзиниот татко, кој за три месеци ќе наполни 60 години.

Според тврдењата на ќерката, тој бил испратен во воен логор во регионот на Волгоград, каде бил поставен за командант на единица во која заедно со него имало уште 19 лица. Тие треба да формираат медицинска единица и за две недели наводно целиот вод ќе биде испратен на окупираните територии во Украина.

Ќерката изјавува дека разговара со татко и преку видео повик, но дека војската им кажала дека тој нема да има мобилен кога ќе биде испратен во војна за две недели.

„Тато е во шок. Тој не кажува ништо и е депресивен, но се обидува да се одржи и да биде смирен за да не ме вознемири мене и мама, се грижиме. Тој е воздржан со своите чувства и се обидува да не да покаже што било“ – рече Полина.

Спонзорирано: