12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Русија: Никому не му се закануваме со нуклеарно оружје

Заменикот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, Сергеј Рјабков изјави дека Русија никому не се заканува со нуклеарно оружје и дека отворениот конфликт со САД и НАТО не е во интерес на Русија, пренесоа државните агенции.

„Никому не му се закануваме со нуклеарно оружје“, изјави денеска Рјабков на конференцијата, пренесува агенцијата „Интерфакс“.

„Критериумите за нивна употреба се наведени во руската воена доктрина“, додаде тој.

Путин до Западот: Не блефирам
Претседателот Владимир Путин оваа недела му рече на Западот да не блефира кога вели дека ќе употреби нуклеарно оружје доколку биде загрозен територијалниот интегритет на Русија. Сепаратистичките власти во четири украински региони контролирани од руската војска одржуваат референдуми за тоа дали да се приклучат на Русија.

Путин рече дека го поддржува потегот, што ја прави поголема веројатноста Русија да ги анектира тие области, кои сочинуваат 15 отсто од вкупната територија на Украина. Руските власти, вклучително и поранешниот претседател Дмитриј Медведев, изјавија дека штом регионите ќе бидат припоени кон Русија, секој напад на украинските сили врз нив ќе се смета за напад врз Русија.

Според руската нуклеарна доктрина, Москва може да користи нуклеарно оружје доколку Русија се соочи со егзистенцијална закана. Медведев рече дека Русија има опција да користи стратешко нуклеарно оружје со долг дострел.

Рјабков: Се надеваме дека Американците се свесни за опасноста
Но, Рјабков рече дека Русија не бара отворен конфликт со САД или НАТО и дека не сака понатамошна ескалација на ситуацијата.

„Се надеваме дека и администрацијата на Бајден е свесна за опасноста од неконтролирана ескалација на конфликтот во Украина“, рече тој.

Во средата Путин рече дека Русија се бори не само со Украина, туку и против вкупните воени ресурси на западните земји кои го поддржуваат Киев. Рускиот амбасадор во САД Анатолиј Антонов рече дека сака да верува дека и покрај сите тешкотии, Москва и Вашингтон не се на работ на нуклеарен конфликт.

Спонзорирано: