11.8 C
Скопје
7. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Ураганот Фиона кој го опустоши Порторико се приближува кон Бермуди и Канада

Ураганот Фиона е на пат да ги загрози Бермудите и источна Канада откако уништи патишта и мостови низ Порторико и предизвика историски поплави.

Добивај вести на вибер
Се предвидува дека Фиона ќе помине во близина на Бермуди доцна вечерва или рано во петок, а потоа ќе го погоди најисточниот дел на Канада рано наутро во сабота, соопшти американскиот Национален центар за урагани.

Канадскиот центар за урагани издаде предупредување за делови од Нова Шкотска, островот Принц Едвард, островите Магдалена и дел од брегот на Њуфаундленд.

Предупредувањето за ураган важеше за Бермуди, каде премиерот Дејвид Бурт испрати твит во кој ги повика жителите да се грижат за себе и за своите семејства.

– Да се ​​потсетиме сите да ги провериме семејството и соседите, како и да се грижиме за старите лица. Внимавајте – напиша премиерот на Бермуди

Американскиот центар соопшти дека Фиона утринава имала максимална брзина на ветер од 215 километри на час.

Најмалку седум лица загинаа, а едно е повредено во Ел Салвадор, во одрони предизвикани од обилните врнежи од дожд, соопшти денеска локалната власт.

Агенцијата за цивилна заштита на земјата соопшти дека двајца возрасни и три деца загинале кога лизгање на земјиштето ја затрупало нивната куќа во општина Хуизукар, пренесува Ројтерс.

Салвадорските власти известија дека уште две лица загинале, а едно дете е повредено кога лизгање на земјиштето зафатило куќа во градот Панчималко.

Се вели дека единицата за цивилна заштита одржува портокалова тревога во 29 крајбрежни општини во земјава и жолт аларм на целата територија, бидејќи дождовите продолжуваат да влијаат на создавање свлечишта.