11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп: Конфликтот во Украина може да се претвори во трета светска војна

Конфликтот во Украина може да ескалира во трета светска војна, предупредил поранешниот американски претседател Доналд Трамп кога рускиот претседател Владимир Путин рече дека Москва ќе ги искористи сите неопходни средства за да се одбрани од заканите за нејзиниот територијален интегритет.

Трамп на социјалната мрежа Truth Social напишал дека конфликтот во Украина „никогаш не требаше да се случи“, а тоа немаше да се случи доколку тој беше во Белата куќа бидејќи тогаш немаше да избувнат непријателствата меѓу Москва и Киев.

Медиумите во своите написи потсетуваат дека рускиот претседател Владимир Путин во средата најави мобилизација на речиси 300.000 воени резервисти, кои ќе бидат повикани на активна служба. Рускиот лидер, според нив, предупредил дека Москва „ќе ги искористи сите средства за да го заштити народот“, вклучително и нуклеарно оружје доколку е потребно.

Спонзорирано: