23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

По две години од коронавирусот Јапонија ги отвора границите за туристите

Јапонија повторно ќе ги отвори вратите за вакцинирани странски туристи по повеќе од две години затворени граници поради пандемијата на коронавирус.

Од 11 октомври годинава туристите ќе можат да ја посетуваат земјата без виза и повеќе нема да мора да одат преку туристичка агенција. Дополнително, ќе се укине и ограничувањето на дневните пристигнувања.

Посетителите сепак ќе треба да го докажат својот статус дека се три пати вакцинирани и да достават негативен резултат од тест за Ковид за влез.

Според агенциите, очекуваниот прилив на патници ќе биде добредојден поттик за владата и локалните фирми и доаѓа откако јапонскиот јен падна на најниската точка во однос на американскиот долар во последните шест месеци.

Спонзорирано: