11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Илустрација/Pixabay
СВЕТ

НВО: 36 лица загинаа при задушување на протестите во Иран

Најмалку 36 лица се убиени при задушување на протестите што избувнаа пред една недела во Иран по смртта на младата жена која беше уапсена од полицијата за неморал, соопшти невладината организација „Центар за човекови права“ во Иран.

Протести избувнаа во Иран по смртта на 22-годишната Махса Амини. Таа била приведена и претепана од полицијата бидејќи наводно не го носела правилно хиџабот. По апсењето, Амини паднала во кома и починала, пишуваат тамошните медиуми.

Според официјалните пребројувања, најмалку 17 луѓе биле убиени во демонстрациите поради нејзината смрт, но CHRI објави дека имало повеќе убиени лица.

„Властите ја признаа смртта на најмалку 17 луѓе, а независни извори велат дека има 36 жртви“, објави CHRI, организација со седиште во Њујорк, на „Твитер“.

Иранскиот претседател Ебрахим Раиси вчера изјавил дека ќе се истражи смртта на девојката, но во исто време го осудил лицемерството на западните сили, стои во написите.

Убиството на младата Амини го осудија Обединетите нации, Европската Унија и САД.

Спонзорирано: