13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лукашенко: Демократијата и правото на Западот се илузија

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, денеска изјави дека демократијата и правото на Западот се илузија и дека во пракса за сè одлучуваат парите.

„Мислевме дека има демократија, право и судови. Таму нема никакви права. Кој има да плати, ќе има решение. Така изгледа законот. Ќе ви го запленат имотот и ќе заборават што е тоа приватна сопственост“, го пренесува „РИА новости“ пишувањето на белоруската новинска агенција „Белта“.

Во исто време, Лукашенко истакна дека Западот е поинаков, но додаде дека „има нешто од Западот што дефинитивно може да се искористи“.

Спонзорирано: