23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кремљ: Обидот на Украина да го врати Донбас ќе биде напад врз Русија

Обидите на Украина да ги врати териториите на Донбас по приклучувањето кон Русија ќе се сметаат за напади врз земјата во согласност со рускиот Устав, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

„Несомнено. Уставот на Руската Федерација веднаш ќе стапи во сила во однос на овие територии, каде што сè е многу јасно наведено во оваа работа“, одговори тој на новинарското прашање.

Според него, соодветните одредби од рускиот Устав ќе важат од моментот кога републиките ќе се приклучат на Русија.

Рускиот претседател Владимир Путин прогласи независност на Донецката Народна Република (ДНР) и Луганската Народна Република (ЛНР) непосредно пред почетокот на офанзивата во Украина.

„Доколку референдумите одлучат за присоединување на териториите на Донбас кон Русија, процесот на пристапување ќе се одвива доволно бргу и во целосна согласност со руското законодавство“, рече Песков, пренесуваат агенциите.

Според податоците на ОН, 2,7 милиона жители биле преместени од територијата на Донбас во Русија.

Спонзорирано: