23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кинезот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот е пронајден жив

Мажот кој 17 дена беше пријавуван за исчезнат по земјотресот во кинеската југозападна провинција Сечуан е пронајден жив, објавија локалните медиуми.

Работникот на хидроцентралата Ган Ју беше пријавен за исчезнат по земјотресот со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала што го погоди Сечуан на 5 септември.

Тој по 17 дена бил пронајден жив и повреден од локален жител, јави кинеското радио.

Според АП, во земјотресот загинале 93 лица, а стотици се повредени.

Ган Ју и неговиот колега Луо Јонг останаа во хидроелектраната Вандонг на 5 септември за да им пружат прва помош на повредените колеги и да помогнат во спречување на поплави со испуштање вода од браната.

Ган и Луо се обиделе да заминат и пешачеле околу 20 километри во планините околу хидроцентралата.

Меѓутоа, Ган е кратковид и ги изгубил очилата, што му отежнува да се движи по нерамниот терен.

Спасувачите бараа преживеани, а Ган и Луо неуспешно се обидоа да испратат сигнал за помош.

Луо подоцна отишол да побара помош и бил спасен на 8 септември, откако со пожарот го привлекол вниманието на спасувачите.

Меѓутоа, Ган дотогаш веќе ја напуштил претходната локација.

Неделава во потрагата се вклучи и земјоделец кој живее во близина на хидроцентралата и го знае теренот и по неколку часа го слушнал Ган и го нашол под дрвјата.

Според кинескиот весник China Daily, Ган рекол дека го преживеал 17-дневното искушение пиејќи вода и јадејќи диво овошје.

Тој бил пренесен во блиската болница, каде што лекарите откриле дека има неколку скршеници.

Спонзорирано: