11.8 C
Скопје
7. октомври 2022
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет

„Кина е секогаш на страната на мирот“

Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, му рекол на својот украински колега Дмитро Кулеба дека мора да се поддржат сите напори што водат кон мирно решение на украинската криза, објавија денеска кинеските државни медиуми.

„Мора да се почитуваат суверенитетот и територијалниот интегритет на сите земји“, рече Ванг Ји за време на состанокот на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк.

Ји и Кулеба претходно разговараа преку видеоконференција во април годинава.