11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Кадиров: Во Чеченија нема да се изврши воена мобилизација

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш да побара од украинските власти да го објават списокот на загинатите во украинскиот град Буча, јвуваат агенциите.

„Ве молиме побарајте од украинските власти да го направат овој едноставен чекор и да ги објават имињата на луѓето чии тела беа расфрлани низ Буча. Го барам ова со месеци но никој не сака да одговори. Господине генерален секретар, најмалку што можете да направите е да го искористите вашиот авторитет“, рече Лавров на седницата на Советот за безбедност на ОН за Украина, пренесе ТАС С.

На 3 април Украина ги обвини руските сили дека го извршиле масакрот во Буча, во близина на Киев, а локалните власти објавија дека се убиени 419 лица.

Лавров рекол дека трагедијата во Буча се случила два дена откако руските и украинските преговарачи речиси постигнале договор во Истанбул на крајот на март.

Рускиот министер тврди дека трагедијата е „недвосмислено инсценирана“, пренесува агенцијата.

„Би сакал да го свртам вашето внимание на фактот дека нашите западни колеги станаа хистерични веднаш по таа измама и воведоа нов пакет санкции против Русија, неосновано обвинувајќи нè за убивање цивили. Последиците од оваа пропаганда си ја исполнија целта, но сега сите освен нас како да заборавија на инцидентот во Буча“, изјавил Лавров.

Спонзорирано: