10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Берлускони: Рускиот народ и медиумите го турнаа Путин во војна

Рускиот претседател Владимир Путин беше турнат во војна со Украина од проруските сепаратисти во Донбас и руските медиуми и луѓе, изјавил поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони за италијанската телевизија.

Милијардерот, медиумски магнат и стар пријател на Путин, кој ја осуди војната, за „Порта а Порта“ изјавил дека сепаратистите дошле во Москва и им кажале на медиумите дека украинските напади предизвикале 16.000 починати и дека Путин не направил ништо за да ги одбрани.

„Путин беше турнат од руското население, неговата партија и неговите министри да ја измисли оваа специјална операција“, изјавил поранешниот премиер.

„Значи, војниците требаше да влезат, да пристигнат во Киев за една недела, да ја заменат владата на Зеленски со пристојни луѓе и да се вратат во Русија. Наместо тоа, наишле на неочекуван отпор, кој потоа бил поттикнат од оружје од секаков вид од Западот“, рекол Берлускони, пренесува „Анса“.

„Војната трае повеќе од 200 дена, ситуацијата стана многу тешка, се чувствувам лошо кога слушам за загинати бидејќи отсекогаш сум верувал дека војната е најголемото лудило од сите работи“, заклучил поранешниот италијански премиер.

Спонзорирано: