9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американски носач на авиони заплови во Јужна Кореја, првпат по четири години

Американски носач на авиони се закотви во Јужна Кореја првпат по четири години и им се придружи на другите воени бродови во демонстрација на сила за да испрати порака до Северна Кореја, пишуваат светските агенции.

Американскиот воен брод „Роналд Реган“ и други бродови се закотвија во поморската база во Бусан, пристаништен град на југот на земјата, јавуваат агенциите.

Нивното пристигнување, како што пишуваат, претставува најголемо распоредување воени бродови во областа. Станува збор за зајакнување на стратешките капацитети во таа област како средство за одвраќање насочено кон комунистичка Северна Кореја, т.е. зачувување на регионалната безбедност, се анализира во извештаите.

Командантот на групата, адмирал Мајкл Донели, рекол дека станува збор за зајакнување на односите со јужнокорејските сојузници и интероперабилноста меѓу двете морнарици додавајќи дека пораките им се препуштени на дипломатите.

„За нас, ова е можност да вежбаме тактики и операции“, изјавил Донели.

Пјонгјанг, според аналитичарите, одбива да го запре развојот на својата нуклеарна програма и проектили. Тие велат дека Пјонгјанг би можел повторно да почне да тестира нуклеарно оружје првпат од 2017 година.

Ова е прва посета на американски носач на авиони на Јужна Кореја од 2018. Оттогаш бројот на заеднички воени вежби е намален, а дипломатските активности поврзани со Северна Кореја се зголемени, но преговорите со Пјонгјанг сè уште се во мирување, анализираат познавачите.

Сега, прашањето, според нив, е каква би била улогата на 28.500 американски војници распоредени во Јужна Кореја доколку избувне конфликт за Тајван.

Спонзорирано: