14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Вучиќ за „Њузмакс“: Не верувам дека Путин блефира

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, имаше интервју во програмата „Разбуди се Америка“ на американската телевизија „Њузмакс“.

Вучиќ моментално е во Њујорк за да учествува на 77. Генерално собрание на Обединетите нации.

Меѓудругото, Вучиќ рече дека Србите имаат традиционално добри односи со Русија и Украина и дека Србија не е на ничија страна и дека секогаш ќе ја осудува војната.

„ Се надеваме дека мирот ќе завладее, и дека сите ќе направат сè за да се постигне компромис. Тоа е подобро отколку да чекате туѓ пораз. Се сретнав со Путин неколку пати и не верувам дека блефира. Тоа е сè што можам да кажам“, додаде Вучиќ на прашањето за најавата на рускиот претседател.

Водителот побара од Вучиќ да го спореди односот со претседателот Бајден со односот со Доналд Трамп.

„ Со Бајден се сретнав четири пати, а со Трамп два пати. Бајден беше еден од најподготвените претседатели за политичка дискусија досега. Трамп сфати дека економијата може да нè поврзе“, објасни Вучиќ.

Спонзорирано: