23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

(Видео) Нов силен земјотрес го погоди Мексико

Земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди мексиканската држава Мичоакан, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар.

Земјотресот се случил на длабочина од 80 километри, се прецизира во извештајот.

Зградите силно се треселе во главниот град Сиудад де Мексико. Мексико беше погоден од разорен земјотрес на почетокот на оваа недела, во понеделникот, а тамошните сеизмолозите наведуваат дека неговата магнитуда била 7,7 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот бил на брегот на Тихиот Океан, во мексиканската сојузна држава Колима, која граничи со Мичоакан, каде се наоѓал и епицентарот на денешниот земјотрес.

По земјотресот не беше издадено предупредување за цунами,пренесе Блиц.рс.

Спонзорирано: