23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трас во ОН: Путин очајно се обидува да ги оправда своите катастрофални неуспеси

Британската премиерка Лиз Трас го обвинува рускиот претседател Владимир Путин за „заканувачко штракање со оружје“ за да ја прикрие неговата неуспешна инвазија на Украина. Таа на Генералното собрание на Обединетите нации рече дека се кршат нејзините основачки принципи поради агресијата на авторитарните држави.

Трас ја нарече војната во Украина битка за „вредностите и безбедноста на целиот свет“ и ја пофали покојната кралица Елизабета Втора како симбол на сè за што се залагаат Обединетите нации.

Одговарајќи на одлуката на Путин да ги мобилизира резервистите и дека ќе искористи сè што има на располагање за да ја заштити Русија – очигледно повикување на рускиот нуклеарен арсенал – Трас го обвини рускиот лидер дека „очајно се обидува да ги оправда своите катастрофални неуспеси“.

„Тој го зголемува ризикот испраќајќи уште повеќе резервисти во страшна судбина. Тој очајнички се обидува да ја преземе мантијата на демократијата за режим без човекови права и слободи. И тој дава повеќе лажни тврдења и заканувачки штрака со своето оружје“, рече тој во својот говор.

„Тоа нема да функционира. Меѓународната алијанса е силна, Украина е силна“, смета Трас,пренесуваат агенциите.

Спонзорирано: