15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТИЗБОР

Смртна казна за корупција на поранешен кинески министер за правда

Поранешниот кинески министер за правда Фу Женгхуа е осуден на смрт со двегодишно одлагање под обвинение за примање мито и помагање на криминалци, вклучувајќи го и неговиот брат, објави денеска кинеската државна телевизија.

Казната на Фу е уште една во низата казни за корупција изречени на високи кинески функционери во долготрајната акција што започна откако претседателот Си Џинпинг ја презеде власта кон крајот на 2012 година.

Фу (67) се изјасни за виновен за злоупотреба на своите овластувања на позиции, вклучително и министер и началник на полицијата од 2005-2021 година за да ги прикрие злосторствата на неговиот брат и другите.

Фу е обвинет дека примил 117 милиони јуани (16,5 милиони долари) пари и средства за овие незаконски активности, објави официјалниот весник Чајна Дејли во јули оваа година.

Условните смртни казни во Кина обично се заменуваат со долги затворски казни доколку жалбената комисија утврди дека осудениот се реформирал.

Фу ќе биде осуден на доживотен затвор без помилување доколку казната му биде ублажена, пренесе американската агенција.

Спонзорирано: