16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Северна Кореја: Не сме извезувале оружје во Русија, САД да не шират лажни гласини

Северна Кореја денеска објави дека никогаш не и доставила на Русија оружје и муниција и нема такви планови, предупредувајќи ги САД да „замолчат“ и да престанат да шират гласини кои имаат за цел „да го нарушат имиџот“ на таа земја.

– Неодамна, САД и другите непријателски земји зборуваа за прекршување на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН и ширеа гласини за договорите за оружје меѓу Демократска Народна Република Кореја и Русија. Никогаш не сме извезувале оружје и муниција во Русија и не планираме да ги извезуваме – изјави неименуван функционер на Министерството за одбрана во соопштението што го пренесе државната агенција КЦНА.

Заменик портпаролот на американскиот Стејт департмент Ведант Пател изјави претходно овој месец дека Русија „е во процес на набавка на милиони ракети и артилериски гранати од Северна Кореја за употреба во Украина“.

Портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби подоцна објасни дека станува збор за „потенцијално купување“ и дека „нема индикации дека купувањето е завршено“.

Вашингтон, исто така, го обвини Иран дека и доставува беспилотни летала на Русија за употреба во војната во Украина, што Техеран го негираше.

Русија, исто така, ги отфрли обвинувањата и побара од САД да обезбедат докази.

Спонзорирано: