17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Орбан: Без санкции, Европа би можела да си ја врати силата и би можела да ја избегне заканувачката рецесија

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека треба да се укинат санкциите против Русија воведени од Европската унија.

Орбан, вообичаено остар критичар на санкциите на ЕУ против Москва, го претстави својот став на затворениот состанок на неговите сопартијци во средата, објави провладиниот весник Маѓар Немзет.

Премиерот посочи дека санкциите на ЕУ ги зголемија цените на бензинот и инфлацијата, а доколку се укинат тие мерки, цената на бензинот веднаш ќе се намали за 50 отсто, а ќе се „заузда“ и инфлацијата.

– Без санкции, Европа би можела да си ја врати силата и би можела да ја избегне заканувачката рецесија – рече Орбан, повторувајќи го својот претходен став дека санкциите и штетат на Европа повеќе отколку на Русија.

Тој во јули изјави дека ЕУ „си пука во белите дробови“ со непромислени економски санкции против Русија, кои, доколку не се повлечат, ризикуваат да ја уништат европската економија.

На својата Фејсбук страница Орбан од партискиот состанок порача дека санкциите од Брисел ја турнале Европа во енергетска криза.

Спонзорирано: