14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЛОКАЛНО

Кумановци со мурал за чиста река, градоначалникот зафатен со политика наместо со екологија

Ситуацијата со Кумановска река станува се подраматична, откако во реката има значително повеќе ѓубре отколку жив свет. Проблемот со ѓубрето кое се таложи веќе некој период, сепак, не допира до градоначалникот Максим Димитриевски, кој наместо да се посвети на градот се шета низ државата формирајќи политичко здружение.

Депонијата во реката ги мотивираше креативните жители на Куманово да нацртаат мурал, каде што е претставено ѓубрето и е напишано „ К’д гу исчистите реку ќе га исчистимо мурал“.

Ваквата акција наиде на одобрување на социјалните мрежи со што се крена свесноста за ситуацијата во која се наоѓа реката веќе некој период. Негрижата за ситуацијата со ѓубрето станува драматична, а во реката буквално е претворена во депонија, каде што може да се најде се – од најситно ѓубре, до цели вреќи со отпад.

Ситуацијата со ѓубрето во Кумановска река не е нова, медиумите за ова известуваа и изминатите години, а градоначалникот Максим Димитриевски, на кого ова му е втор мандат на чело на Куманово, очигледно има поважни работи од грижата за градот и животната средина.

На крајот на јули годинава, Државниот инспекторат за животна средина по пријави од рибари од Куманово излезе на терен и регистрираше масовен помор на риби, што само укажува на состојбата во која е доведена реката.

Спонзорирано: